Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе бидат врачени годишните награди за најуспешните книжевни остварувања објавени во 2014 година.
Добитник на наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга е Радован Павловски, наградата „Стале Попов“ за најуспешна прозна книга ќе ја добие Божин Павловски, а Георги Сталев наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критики.
На Стојан Тарапуза ќе му биде врачена наградата „Ванчо Николески“ за најуспешна книга за деца, а наградата „Книжевен мост“ за најуспешна книга на јазиците на националностите ќе ја добие Сеида Бегановиќ.