Се проширува најголемиот германски аеродром

Од:

Франкфуртскиот аеродром, кој е најфреквентен во Германија, го отвори денеска новиот, проширен терминал, со цел да го зголеми својот капацитет за шест милиони патници годишно.

Изградбата на 800-метри долгиот комплекс чинеше 700 милиони евра и траеше околу четири години, соопшти операторот на аеродромот „Фрапорт“.

Проширениот терминал е проектиран за широкотрупни авиони, како што се „Ербас А380 суперџамбо“ и „Боинг Б747“, кои слетуваат на третиот по големина европски аеродром.

Креиравме и дополнителен простор за до шест милиони патници годишно, изјави претседателот на извршниот одбор на „Фрапорт“, Штефан Шулте.

Тој допололнителен капацитет ќе ни овозможи да му излеземе во пресрет на поголемиот проток на патници, што го очекуваме во следните години и да ја зацврстиме својата улога како еден од водечките светски аеродроми, додаде тој.

Над 56 милиони патници минатата година минаа низ франкфуртскиот аеродром, што е за 6,5 отсто повеќе во споредба со 2010 година.

Новото проширување ќе го зголеми капацитетот на аеродромот на годишно до 65 милиони патници во однос на сегашното ниво од 59 милиони.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија