Турција нема да подлегне на евентуален притисок од ЕУ во врска со антируските санкции, изјави турскиот експерт Бирол Акгон, јави ТАСС.
Анкара не е обврзана да ја следи политиката на ЕУ во врска со санкциите кон Русија. Турција и претходно се соочувала со слична ситуација, во која Европа воведува санкции, изјави Акгон, кој е директор на турскиот Институт за стратешко размислување, со седиште во Анкара.
– Претходно имаше сличен проблем поврзан со Иран. Турција не е членка на ЕУ и затоа не е должна да ги исполнува одлуките, донесени во Европа, истакна турскиот експерт.
Министерот за надворешни работи на Турција Мевљут Чавушоглу изјави во денеска објавено интервју за германскиот весник „Цајт“ дека Анкара не планира и не е обврзана да ги следи воведените од ЕУ санкции кон Русија.
Русија е наш важен надворешен партнер, затоа нема да се приклучиме кон санкциите. Ако е неопходно, самостојно ќе преземеме мерки, изјави Чавушоглу.
Според Акгон изјавата на министерот Чавушоглу сведочи дека нема закани за руско-турските односи.
Чавушоглу, исто така, нагласи дека Турција ќе продолжи да води самостојна и независна политика кон Русија.