ВИДЕО: Студентскиот активизам се шири како оган

Од:

Студентските активисти пред техничките факултети предупредија дека нема попуштање, се додека не се повлече целосно законот за високо образование. Се слушна крик за слобода, од нас кои решивме да ја браниме автономијата на Универзитетот.

Уште од првиот марш до денес се бориме за она што уставно му припаѓа на Универзитетот, а тоа е автономијата.

Студентискиот активизам е жив и се шири како оган. Не сме наивни и нема да потклекнеме додека не се исполнат нашите барања. тука сме да покажеме дека секогаш треба да бидеме вклучени во креирањето на политиките во високото образование. Политичарите го негирааат нашето постоење и затоа дозволете да сме скептични на нивните ветувања, да бараме гаранција за ветеното, дозволете да им покажеме додека трае автономната зона дека може да биде квалитетно образованието и без присуство на државата. Ќе ја видите автономијата на еден факултет. Прогласуваме автономна зона и ги повикуваме студентите да ја бојкотираат формалната настава зашто само така можеме да ја добием оваа битка, рече студентски активист од Пленумот пред запоседнувашето на техничките факултети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар