Бомбите во ОУ „Блаже Конески“ школски и безопасни

Од:

Бомбите најдени во подрумските простории во основното училиште „Блаже Конески“ во скопската општина Аеродром се школски, утврдила полицијата.

Директорот на училиштето Раде Жегарац за МИА изјави дека расчистувајќи го подрумот на училиштето децата нашле торба со две бомби.

– Веднаш повикавме полиција и ги евакуиравме децата. Полицијата утврди дека се работи за школски и безопасни бомби, истакна Жегарац.

Тој посочи дека по еден час учениците биле вратени на редовна настава.

Во СВР Скопје во 11 часот и 10 минути добиле дојава за бомба во ОУ „Блаже Коневски“, по што нивни екипи излегле на терен.

Би можело да ве интересира

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски