Кривична за уличен дилер на дрога од Скопје

Од:

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Н.(30), уличен дилер на хероин и марихуана, поради основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Ф.Н. кој бил приведен од Единицата за недозволена трговија, не дал појаснување за пронајдената дрога и дигитална  вага, како и  за  тоа, од кого и од каде е пронајдената дрога.

Кај Ф.Н. се пронајдени 88,82 грама хероин, 23,81 грам марихуана и 5,8 грама парацетамол со кофеин. Дрогата што ја набавил, ја однел дома каде, во зависност од побарувачката ја препакувал во помали количини (полиетиленски и хартиени пакувања) и ја препродавал на уживатели од Скопје.

Во обид да се ослободат од дрогата, Ф.Н. и неговата сопруга ја фрлиле во дворот на соседите, но биле видени од полициски службеници. И во кровната конструкција на куќата е пронајдено хартиено пакување со растителна материја, како и една дробилка за марихуана, а во домот на негов роднина, кој живее во непосредна близина е пронајдена една дигитална вага, на која имало остатоци од хероин и марихуана.

Покрај тоа што е кривично пријавуван за недозволена трговија со хероин, против Ф.Н. се поднесени и две кривични пријави за извршени две разбојништва и една кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он