Се санира косината на коритото на Вардар кај мостот „Тодор Александров“

Од:

Екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ го санираа коритото на реката Вардар, на левата косина, во близина на мостот „Тодор Александров“.

Град Скопје соопшти дека за санација на минор коритото на реката Вардар биле вградени околу 20 кубни метри камен измешан со речен песок и земјен материјал, подредени за стабилизација на косините на коритото.

Според планот за работа, за да се подобри функцијата и за да се разубави кејот на Вардар, напролет Град Скопје планира коритото на реката да го дооформи со бетонирање на предниот дел, а во горниот дел да се уреди тревната површина.

Косината на коритото на Вардар, како што соопшти Град Скопје, било оштетено од несовесни граѓани кои го украле камениот материјал, а со обилните врнежи од дожд изминативе денови косината дополнително се оштети.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош