Продолжува дијалогот Влада – универзитети за подобрување на високото образование

Од:

Продолжува дијалогот меѓу Владата и претставниците на академската заедница за подобрување на пакетот реформи што треба да се спроведат во високото образование.

Министерството за образование и наука денеска соопшти дека во следните неколку дена треба да се официјализираат работните групи што ќе ги предложат двете страни по што се очекува отпочнување на дебатата во која, Сенатот на Уиниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе ги номинира претставниците на академската заедница, професорите и студентите кои ќе учествуваат во целосното заокружување на процесот и реализација на договорот од иницијалната средба.

Предлог – законот со кој се одложува примената на последните измени за една година, односно за дел од нив за две години, беа усвоени вчера на собраниска седница. Предлог законското решение уследи по постигнатиот договор од одржаната иницијална средба на 6 февруари меѓу претставниците на Владата и универзитетскиот Сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Би можело да ве интересира

Почнува новата академска година

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп