Авионот со кој бугарскиот премиер Бојко Борисов тргнал кон Брисел, синоќа околу 20:30 часот според локално време, принудно слетал на софискиот аеродром поради дефект.
Борисов пред бугарските медиуми потврдил дека дошло до технички проблеми со авионот.
Инаку тој во тек на вечерта отпатувал со друг авион во Брисел, каде што треба да присуствува на состанок на Европскиот совет.
Е. Г.