Шпанскиот крал Фелипе Шести си ја намали платата за 20 проценти за 2015 година, исполнувајќи го ветувањето за поскромна монархија.
Во соопштението од кралската палата се наведува дека 47-годишниот крал Фелипе оваа година ќе добие 234.204 евра, што е за една петтина помалку од сумата што ја добиваше татко му Хуан Карлос пред да абдицира во јуни.
Буџетот на кралското семејство е замрзнуван или намалуван од 2009 година поради економската криза во Шпанија. И во 2015 година кралскиот буџет ќе остане непроменет, со сума од 7,8 милиони евра.