Македонската туристичка понуда на Меѓународна туристичка берза во Софија

Од:

Туристичката понуда на Македонија ќе биде претставена на 32. Меѓународната туристичка берза „Холидеј и Спа“ што од утре до 14 овој месец ќе се одржи во Софија, Република Бугарија.

Со свои штандови во „Интер Експо Центарот“ со Софија на 7.500 метри квадратни ќе се претстават повеќе од 330 субјекти од туристичкиот бизнис-сектор од 21 држава од светот.

Покрај можноста да добијат најнови информации за кондицијата на туристичките пазари во светски рамки, изложувачите на саемот ќе имаат прилика да остварат корисни контакти насочени кон поуспешна деловна активност, како и размена на искуства со експертите од областа на туризмот. Во текот на трите саемски денови предвидено е и одржување на десетина дискусии на кои ќе бидат разгледувани актуелни теми посветени на тенденциите на светскиот туристички пазар, како и повеќе од 60 презентации на национални и локални туристички понуди.

Според програмата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, после Бугарија македонската туристичка понуда ќе биде претставена и на Меѓународниот саем за туризам „ИФТ“ што од 19 овој месец ќе се одржува во Белград. 

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ