Ристо Лазаров гостин на чешкиот ПЕН

Од:

Македонскиот поет Ристо Лазаров, кој, освен на македонскиот ПЕН центар е и член на чешкиот ПЕН, до крајот на оваа недела во Прага, заедно со истакнати писатели од педесетина земји, учествува на прославата на 90-годишнината на Чешкиот ПЕН центар, формиран од светски познатиот чешки класик Карел Чапек.

Во рамките на прославата се одржува голема меѓународна конференција, на која за разојниот пат на Македонскиот ПЕН кој пред ве години го прослави својот 50- годишен јубилеј ќе зборува Ристо Лазаров. Тој ќе учествува и на повеќе литературни настапи што ќе се одржат во Прага и во некои други градови на Чешка. Најзначајниот од нив ќе се одржи во родната куќа на Карел Чапек. Лазаров е автор на стихозбирката “Чехопек” објавена на чешки јазик во превод на академик Иван Доровски.

Учеството на овој настан е уште една потврда на долгогодишната добра соработка меѓу Македонскиот и Чешкиот ПЕН.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска