ЦИА објави фотографии од најбрзиот авион на светот

Од:

ЦИА по 50 години ја острани ознаката за тајност и ги објави фотографиите од конструирање на авионот „СР-71“, кој се уште се смета за најбрзо летало на светот.

Локхид СР-71 Блекбирд“ е целосното име на воениот авион кој што е направен во шеесетите години од минатиот век.

571529_avion-05-foto-cia_ff

Објавените фотографиите се направени во база во Бурбенк во Калифорнија, а покажуваат неколку фази од производство на трите верзии од познатото летало.

Инаку леталото го произвела американската команија„Локхид“, која работата ја извршувала под ознака „црн проект“, што значи дека се е работено во целосна тајност.

571526_avion-01-foto-nasa_ff

„СР-71“ од 28-ми јули 1976 година е најбрзиот авион на светот, бидејќи достигнува неверојатна брзина од 3,509 километри на час.

Интересен е податокот дека кога кон него бил испален проектил, се што пилотот требало да направи било да ја зголеми брзината и ракетата едноставно не може да го достигне авионот.

571527_avion-02-foto-nasa_ff

Творец на авионот кој што е направен од титаниум, и е отпорен на температура до 482 степени Целзиусови е американскиот инженер Кларенс „Кели “ Џонсон.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија