Македонија по втор пат поуспешена од Грузија

Од:

Македонската футсал репрезентација ја оствари втората победа во пријателскиот двомеч против Грузија. Во СЦ „Јане Сандански” вчеравечер избраниците на селекторот Васко Скендеровски славеа со 2:1.

Дарко Ранготов во 27. минута ја доведе Македонија во водство, изедначи Алтунашвили во 36.минута, а три минути подоцна Зоран Левески го постигна конечниот резултат.

Во првиот контролен натпревар одигран во понеделникот беше 9:4 за „црвено-жолтите“.

Овие средби беа дел од подготовките за мартовските квалификации за ЕП 2015. Пласманот на Европското првенство Македонија ќе го бара на турнирот во Скопје. Во групата ривали на нашите репрезентативци се Унгарија, Швајцарија и Шпанија.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска