Користењето на Фејсбук за бегство од сопствените проблеми и следење на другите луѓе на таа социјална мрежа, може да предизвика депресија, покажуваат најновите истражувања.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), над 350 милиони луѓе на светот страдаат од депресија, а бројни студии покажаа дека користењето на социјалните мрежи во голема мерка има влијание врз психичкото здравје на луѓето.
Фејсбукот, што стана фениомен во последните десет години, има 1,39 милијарди активни корисници во текот на месецот.
Норвешки научници утврдија дека користењето на Фејсбукот за да се заборават сопствените проблеми, може да предизвика делумна зависност.
Тие, исто така, наведуваат дека постојаното следење на она што другите го работат на Фејсбук, може да доведе до чувство на љубомора и депресија.