Пристигна новиот амбасадор на САД во Македонија

Од:

Новиот американски амбасадор Џес Бејли денеска пристигна во Македонија, објави на својата Фејсбук страница Американската амбасада во Скопје.

Бејли е дипломат од кариера во рангот министер-советник и во американскиот Стејт Департмент е од 1985 година. Во Скопје доаѓа од Анкара, Турција, каде што од 2011 година бил заменик шеф на американската амбасада.

Пред тоа, Бејли бил директор на Одделот за Југоисточна Европа во Стејт Департментот, одговорен за билатералните односи со Турција, Грција и Кипар. Во богатата професионална кариера, тој меѓу другото бил директор на Канцеларијата за политички прашања на Обединетите Нации, Шеф на Регионалниот тим за реконструкција на Ербил, Регион Курдистан во Ирак, и Директор на Прес центарот за надворешни работи во Вашингтон. Службувал во амбасадите во Хаг, Холандија, како советник заодноси со јавноста, а бил советник за културни прашања и портпарол во амбасадата во Анкара.

Претходно, до спојувањето со Стејт Департментот, работел во Американската информативна агенција (USIA) и во амбасадите во Тајланд, Сенегал и во Бангладеш.

Роден во Синсинати, Бејли дипломирал на Универзитетот Јеил, а магистирал Европска историја на Универзитетот Колумбија. Зборува француски, турски и тајландски јазик. Тој е оженет и има еден син.

Новиот американски амбасадор доаѓа на местото на амбасадорот Пол Д. Волерс, кој во Македонија беше од 13 септември 2011 година.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Аракчи: Израелските напади врз Иран се предавство на дипломатијата, но САД можат да ја оживеат

Разговарано е со САД за царински олеснувања, може ќе сме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови, вели Мицкоски

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 82

Елон Маск објави формирање политичка партија, дали е тоа крај на двопартискиот систем на САД

Зеленски: Украина и САД потпишаа договор за заедничко производство на дронови

САД воведуваат нови санкции врз Иран