Наставнички пленум: Сакаме нов закон за образование!

Од:

„Сакаме НОВ ЗАКОН! Не се плашиме од работа и одговорност. Не се плашиме од казни и од закони со кои нѐ уценувате за нашите работни места. Нашата мисија е чиста и јасна. Квалитетна настава. Образование. Иднина на младите“, стои во најновото соопштение на Наставничкиот пленум

„Соочени секојдневно со проблемите, бараме одговор и решение за истите. Наша цел е образование кое ќе одговори на времето. Нови програми, образовни реформи, а не празни форми. Нашата цел е иднината на земјата. Земја во која квалитетот, а не партијата ќе биде критериум за успех. Сакаме да создаваме млади, изградени, свесни и независни личности. Тоа е наша задача. Да создаваме млади, општествено одговорни граѓани, мотивирани да создаваат, да учат, да знаат.

Сакаме НОВ ЗАКОН за основно, средно и високо образование . Бараме да учествуваме во неговото создавање, во процесите на неговото креирање, имплементација. Образованието е наша професија, наша стручност и наша практика. Единствени сме по љубовта и посветеноста да истраеме и да создадеме закон за сите нас. Ние сме директно одговорни за иднината на нашата земја, затоа што од нас, од нашите вештини и знаења, од нашиот производ, зависи иднината на општеството.

Затоа, денес ја создаваме големата образовна вертикала која нѐ обединува сите – учениците, наставниците, професорите, студентите. Затоа што, ние сме општеството!“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март