#Бомба, #ОставкаЗаТодоров, #ТикТакТикТак и #Тамара го возбудија македонскиот интернет

Од:

Значително ослабнат интернет, голем број на веб-портали што не се отвораат или за кои долго се чека да се отворат за некоја информација поврзана со „бомбата“, огромна раздвиженост на социјалните мрежи – ова се резултатите од настанот на денот, односно прес-конференцијата на Зоран Заев, која стана и настан на интернетот во поновата македонска историја.

Неколку корисници на „Твитер“, меѓу кои и новинари, за време на конференцијата за медиуми твитаа во реално време под хаштагот #бомба. Овој хаштаг досега има има над 4.000 твитови.

Вчера на овој хаштаг имало 2.477 твита, а на осми февруари (пред два дена) на овој хаштаг имало само 112 твита.

Мета“ контактираше и со телефонските и со кабелските интернет-оператори, од каде велат дека немале технички проблеми туку дека станува збор само за преоптовареност на сообраќајот.

– Во текот на вчерашниот ден, целиот сообраќај во мрежата на „Вип“ се одвиваше редовно и без никакви прекини – велат од „Вип“.

Од мобилниот оператор „Оне“, велат дека интернетот вчера не бил слаб, туку поради преголемата оптовареност бил забавен.

И од кабелскиот оператор „Телекабел“ велат дека во тој период немале технички проблеми или прекини во Скопје ниту, пак, имале пријави од граѓани.

Вчера, на агрегаторот за вести „Тајм.мк“, во еден момент за време на конференцијата за медиуми на СДСМ, имало 5.766 посети на веб-страницата. Ова, како информација, вчера на „Твитер“ го постираше Игор Трајковски, основач на „Тајм.мк“.

На нашиот портал www.a1on.mk во време на прес конференцијата на СДСМ имаше над 3.500 посети, а на крајот на денот според Google Analitycs имавме 129 илјади уникатни посети.

Социјалната мрежа „Твитер“ беше најбрзиот медиум преку кој беа пренесувани детали од прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Твитер-профилот наречен „Маседонија трендинг“ (Macedonia Trending) ги мери најпопуларните теми, твитови и твитерџии во Македонија кои ги генерира компјутерски. Според него, вчера најкористени хаштагови биле #бомба, #ОставкаЗаТодоров, #ТикТакТикТак, #ДоброУтро, #Ж, #Тамара и #ПравдаЗаТамара. На хаштагот #Тамара, за малечката Тамара од Велес која почина вчера, има вкупно 541 твитови.

Би можело да ве интересира

Избувна голем шумски пожар кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

ВИДЕО: Момче се залета да упадне во вестите во живо, но набрзо се збуни

А1он

Лажни вести шири кој ќе стигне, медиумската писменост мора да се вметне во образованието

Настани кои ја одбележаа 2018 година

Ана Ололовска

Десет најважни археолошки откритија во 2016 година во светот

Емир Латифовиќ

Србија и Словенија потпишаа договори во областа на транспортот, културата и интелектуалната сопственост

Емир Латифовиќ