СДСМ обвинува за партиски вработувања во јавната администрација во Охрид

Од:

Општинската организација на СДСМ од Охрид, преку соопштение, го повика градоначалникот Никола Бакрачески да објасни зошто и понатаму се вработуваат луѓе во општинските служби и во јавните претпријатија, кога градските власти од ВМРО-ДПМНЕ веќе две години се жалат на превработеност во општинските институции?

Од СДСМ прашуваат дали станува збор за неефикасност на службите или за манипулација со своето членство, на кое преку привремените вработувања му се фрлаат трошки за да ги намали притисоците поради нереализирани ветувања?

Социјалдемократите обвинуваат дека само неколку седмици по објавениот оглас за прием на 10 нови службеници во општинската администрација, градските власти во Охрид повторно ги полнат со партиски кадри јавните претпријатија, како што е случајот со ЈП „Охридски комуналец“, за каде е објавен оглас за прием на 38 нови работници кои би биле работно ангажирани во рок од 45 дена.

– Укажуваме дека која и да е од овие две алтернативи, е на штета на граѓаните на Охрид и повикуваме на одговорно однесување од страна на Бакрачески, кој ја презадолжува Општината – се вели во писменото соопштение од центарот за комуникации на СДСМ од Охрид.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра