Движењето на имамот Фетулах Гулен претставува поголема закана за Турција од членовите на Кудрската работничка партија (ПКК), изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
– Денес, на меѓународен план, дури ни терористичката организација ПКК во толкава мера ѝ нема наштетено на Турција како „паралелната структура“ на Гулем – изјави Ердоган.
Турскиот претседател на својот поранешен сојузник Гулен му префрла дека создал „мрежа на валкани односи“ со меѓународната заедница, чија единствена цел е да ја оцрни конзервативната исламска влада.
Транснационалното движење на Гулен, кој од 1999 година живее во САД, го сочинуваат школи, невладини организации, медиумска куќа и компанија.
Движењето го поддржуваше и го бранеше режимот на Ердоган од војската и од елитата во земјата. Сепак, Ердоган му објави војна минатата година откако изби корупциски скандал.
Извор: Мета