Премиерот Никола Груевски денеска оствари краток телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас, потврдија за МИА од прес-службата на Владата.
Во протоколарниот разговор премиерот Груевски на својот колега му посака успех во работата и во справувањето со предизвиците со кои се соочува неговата земја.
Груевски истакнал дека двете земји треба да вложат напори за унапредување на добрососедските односи, решавање на отворените прашања, градење на конструктивна атмосфера во двете земји и за соработка во сите сфери од взаемен интерес.