„Бота Сот“: Најмалку 150.000 луѓе заминале од Косово

Од:

Од август, кога почна егзодусот од Косово, па до декември минатата година, се проценува дека од земјата заминале 100.000 луѓе, а од почетокот на годината уште околу 50.000, иако тоа никој официјално не го кажува, објави денеска приштинскиот дневен весник „Бота Сот“.

Весникот истакнува дека ако се претпостави дека лани најмалку 100.000 луѓе заминале од Косово тоа значи дека шест проценти од населението ја напуштило земјата за неколку месеци. Според податоци на косовскиот Институт за статистика, во Косово живеат 1,8 милони луѓе.

Косовскиот експерт за демографија проф. Рифат Блаку наведува дека егзодусот на населението може да биде „фатална експлозија“ за Косово и оти иселувањето создава демографски трауми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пропадна и осмиот обид за избор на претседател на косовското собрание

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење