„Далеку од луѓето“ на Оелхофен ја отвора Неделата на францускиот филм

Од:

Во организација на Францускиот институт во Скопје  во соработка со Младинскиот културен центар утре вечер во киното Милениум во Скопје ќе биде отворена Неделата на францускиот филм.

Циклусот филмови годинава е насловен „Актуелните настани во фокусот на францускиот филм“, а почнува со проекцијата на филмот „Далеку од луѓето“, најновото остварување на Давид Оелхофен. Филмот е снимен во манирот на вестернот, според кусиот расказ „Гостинот“ на егзистенционализстот Алберт Ками. Настапуваат Виго Мортенсен, Реда Катеб и Џемел Барек.

Според филмската критика, се издвојува режијата, врвната игра на Мортенсен и Катеб и прекрасната фотографија, но и мизиката на Ник Кејв и Ворен Елис.

Оелхофен не пренесува во Алжир во 1954 година на почетокот од антиколонијалното востание за ослободување и ја следи приказната и моралните дилеми на учителот Дару (Мортенсен), европеец од франкофонско потекло, роден во Алжир, кој е задолжен од зафрленото место во кое предава географија да го пренесе арапскиот фармер Мохамед (Катеб) во најблискиот град каде го чека судење за убиство на негов роднина и извесната смртна пресуда.

В четврток на програмата е филмот „За боговите и луѓето“ на режисерот Гзавие Бовоа снимен 201о година, со Ламбер Вилсон, Мајкл Лонсдајл и Оливиде Рабурди, кој има освоено Гран при на Канскиот филмски фестивал.

Два филма ќе бидат прикажани в петок. Во терминот од 20 часот ќе биде проекцијата на „Добредојде“ филм на Филип Лиоре од 2009 година, кој е прогласен за најдобар филм во 2009 година според француската публика, а имаше и 10 номинации за престижната француска филмска награда „Цезар“ за истата година.

Во 22 часот, пак, ќе биде прикажан  „Искрени пријателства“ на Стефан Аршинар, кој е прогласен за најдобра комедијата во Франција за 2012 година.

Оваа филмска манифестација ќе биде збогатена и практично заокружена со кафе дебата посветена на слободата на уметничкото изразување насловена „Филмот алатка за сонување или огледало на реалноста“. Дебатата ќе се одржи на 17 февруари во 19 часот во Францускиот институт во Скопје, а ќе учествува и амбасадорката на Франција во Македонија Лоранс Оер.

Како дел од активностите на Францускиот институт во Скопје на 26 февруари во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан филмот „Убавицата и Себастијан“ од Никола Вание во рамки на Францускиот кино клуб.

Билетите за филмот „Далеку од луѓето“ со кој ќе започне Неделата на францускиот филм во киното Милениум се бесплани и треба да бидат резервирани во Францускиот институт. За останатите проекции кои ќе се одржат во киното Фросина во МКЦ билетите ќе бидат со симболична цена.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он