Белата куќа бара овластување за употреба на сила против ИД

Од:

Белата куќа ќе бара од Конгресот ново овластување за употреба на сила против борците на ИСИС, соопштија извори блиски до Конгресот.

Иако САД ја предводат меѓународната коалиција против Исламска држава, а претседателот Барак Обама во август минатата година покрена воздушни удари против екстремистичките групи во Сирија и Ирак, оваа недела администрацијата за прв пат ќе побара официјална авторизација за употреба на воена сила во борба.

Поради ова одложување некои членови од Конгресот изразиле загриженост дека со кампањата против ИСИС е пречекорено претседателското уставно овластување.

Администрацијата на Обама тврди дека кампањата е легална и дека се засновува на овластување кое што е усвоено за време на мандатот на претседателот Џорџ Буш, за ирачката војна и борбата против Ал Каеда и нејзините ограноци.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот