САД го прогласија германскиот државјанин Денис Кусперт за глобален терорист

Од:

САД го прогласија за глобален терорист германскиот државјанин Денис Куспер, кој е припадник на исламистичката групација Исламска држава во Сирија и Ирак.

Стејт департментот соопшти дека Кусперт се приклучил кон џихадистите во 2012 година и се појавил во голем број пропагандни видеоснимки на ИД.

Во една од нив, која е од ноември минатата година, 39-годишниот поранешен берлински рапер, кој сега се претставува под името Абу Тала ал Алмани, држи глава на човек, за кој тврди дека е егзекутиран, бидејќи и се спротивставил на ИД.

– Кусперт положил заклетва на лојалност пред лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади и изгледа е агент, кој врбува нови членови за групацијата од германското говорно подрачје, се вели во соопштението на ИД.

Прогласувањето на европски државјанин за глобален терористи од страна на САД е ретка појава. Ова се совпадна со посетата на германскиот канцелар Ангела Меркел на Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија