Меркел: Конфликтот во Украина не може да се реши со воени средства

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа изјави дека конфликтот меѓу Русија и Украина не може да се реши со воени средства.

Меркел, која беше во посета на Отава, неколку часа претходно се сретна со американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон, кој размислува да им испорача оружје на украинските власти, но се уште не донел одлука. Германската канцеларка остро се спротивставува на доставување оружје за украинската армија.

– Се надевам дека ќе успееме да го решиме конфликтот по дипломатски пат, а не со воени средства. Ќе видиме во следните неколку денови дали ќе има напредок. Тоа не е сосема сигурно. Доколку биде постигнат напредок, западните сојузници ќе решат какви мерки да преземат, истакна Меркел на заедничката прес-конференција со канадскиот премиер Стивен Харпер.

Харпер изрази надеж дека рускиот претседател Владимир Путин ќе покаже ист стремеж за дипломатско решение и ги поддржа напорите на Франција и Германија за постигнување мировен договор.

– За жал Путин ги отфрла дипломатските средства и постојано употребува воено насилство. Канада нема да исклучува ниту една од можните варијанти, но ќе дејствува во согласност со сојузниците, додаде канадскиот премиер.

Во Канада живеат околу еден милион Украинци.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“