Украдени пари од хуманитарен концерт во Штип

Од:

На Домот на млади од Штип викендов му биле украдени парите од хуманитарниот концерт кој бил организиран со невладината „Цивитас“ за лекување на штипјанецот Иван Стојанов во Кина.

Директорката на Домот Вишна Шорова-Ангелова информираше дека коннцертот го организирале во саботата, имале голем број продадени влезници и претпоставуваат дека се украдени околу 30 000 денари.

– Иако нашата цел беше хумана, иако работевме за доброто на нашиот сограѓанин, сепак, настанот го заокружи една негативна случка, во која беше украдена извесна сума пари, рече Шорова-Ангелова.

Ваквиот чин го осудија и од здружението „Цивитас“ додавајки дека собраните пари требале да легнат на сметката на штипјанецот Иван Стојанов. Парите му се потребни за итна операција во Кина за тој повторно да може да оди.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он