Санкциите воведени од Европската унија спрема Русија имаат значителна цена со пропуштени шанси за европски извоз во вредност од 21 милијарда евра, соопшти шпанскиот министер за надворешни работи.
– Досега Европската унија загуби 21 милијарда евра од извозот, изјави Хосе Мануел Гарсија Маргаљо.
Изјавата ја даде по пристигнување во Брисел на средбата на министрите за надворешни работи на државите од ЕУ.