Советот на општина Богданци, го прогласи денешниот ден за Ден на жалост во општината, за тројцата трагично загинати жители на Ѓавото.
Во Богданци денеска знамињата се спуштени на половина копје и сите настани од јавен карактер се одложени.
Инкау, во фабриката ДПУТ „Балкан Гасови“ ДОО Богданци, три лица го загубија животот, додека две беа повредени. Причинета е и материјална штета, а во околината на фабриката биле опожарени повеќе возила.
Во текот на увидот на надлежен обвинител е констатирано дека фабриката каде што избувнал пожарот се состоела од повеќе простории. Просторијата каде што се пронајдени починатите лица е просторијата каде што се вршело полнење на мали плински боци. Во просторијата каде што се вршела изработка на плинските боци пред полнење, пак, работеле преживеаните лица.
Во разговор со надлежниот обвинител, управителите на фирмата известиле дека во овие простории имало складирано над 1.000 пакети со мали плински боци кои биле спремни за извоз наредниот ден. Освен ова, во дворното место се наоѓале и две цистерни кои во моментот биле полни со пропан бутан гас и една празна цистерна.
По добивање на сите потребни анализи, вештачења, записници од надлежните органи, надлежното обвинителство ќе одлучи за понатамошниот тек на постапката.