Мадона го објави првиот видео спот за песна од нејзиниот најнов албум „Rebel Hearts“.
Станува збор за спот за песната „Living For Love“, која направи бум на музичките топ листи во светот и со која, според многумина, 55-годишната Мадона ја оправдала својата титула „кралица на поп музиката“.
Злобниците сепак забележуваат дека спотот потсетува на видео записот за песната „Take A Bow“ од 1994 година, каде се појавуваше вистински тореадор, додека во новото остварување самата Мадона е во улога на борец со бикови.