Жителите на село Калачи во Казахстан спијат по неколку дена, а до неодамна никој не знаеше зошто е тоа така. Научниците сметаат дека причина за оваа мистериозна болест, поради која местото е наречено „Заспана долина“, се крие во локалните рудници.
-Во медицинска смисла тие страдаат од енцефалопатија, односно пореметување на мозокот, но не е јасно што го предизвикува. Со скенирање утврдивме дека пациентите имаат вишок течност во мозокот – вели Егор Коровин, лекар кој веќе долго време се обидува да ја реши на оваа мистерија.
По четири години истражувања и илјадници тестови, научниците конечно сфатиле дека за се е виновен невидливиот непријател, племенитиот гас радон. Иако најпрвин се сомневале дека се работи за некој вид бактерија или вирус, сега сфатиле дека жителите на „Заспаната долина“, не можат да се разбудат поради гасот кој доаѓа од напуштените локални рудници за ураниум.
Инаку радон е гас без боја, вкус и мирис и природно се јавува како продукт на ураниум, но доста е радиоактивен. Според наводите гасот бил насобран во рудниците, но со зголемување на нивото на водата во реките тој излегол на површина и буквално го затрул целото село.
Е. Г.