(ВИДЕО) Хаос во Египет, убиени најмалку 22 навивачи

Од:

Најмалку 22 лица загинаа во судир помеѓу полицајци и навивачи на фудбалскиот клуб Замалек во Каиро, пред натпреварот со екипата на Енпи за првенството во Египет, потврди државниот обвинител.

Според првичните информации немирите започнале кога илјадници навивачи се обиделе насилно, без билети да влезат на стадионот кој се наоѓа на периферијата на Каиро.

Во настојувањата да воспостави ред полицијата употребила и солзавец, кога симпатизерите на Замалек се обиделе да ги искршат капиите на стадионот.

Пред три години во Порт Саид беа убиени 74, а повредени околу 1.000 лица, претежно навивачи на Ал Алија, во немири по натпреварот против домашниот клуб Ал Масри.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро