Турскиот суд нареди апсење на 21 полициски службеници како дел од истрагата за незаконско прислушување на политичари, државни службеници и бизнисмени.
Според турските медиуми тоа е уште еден чекор во кампањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган против поддржувачите на муслиманскиот проповедник Фетхулах Ѓулен, кој живее во САД.
Се уште нема официјално соопштение од Обвинителството за апсењата.
Во декември минатата годинја турскиот суд издаде наредба за апсење на Ѓулен под сомнение дека раководи со криминална организација. Турските власти минатата недела го поништија пасошот на Ѓулен. Муслиманскиот проповедник ги отфрла обвиненијата за заговор против турската Влада.