Бесими денеска во Сараево

Од:

Македонскиот министер за одбрана Фатмир Бесими денеска во Сараево ќе ја посети македонската армија во составот на мировната мисија на ЕУФОР – Алтеа и ќе се сретне со началникот на Генералштабот на ЕУФОР, генералот Ерн Питер Сипос.

Бесими за време на состанокот ќе ја нагласи важноста на секој член на македонската армија во служба на воспоставување на демократските вредности, мирот и еднаквоста во светот, што е од големо значење за Македонија, но и за регионот и пошироко.

По состанокот, македонскиот министер за одбрана ќе положи венец на споменикот во Бутмир и ќе им оддаде почит на загинатите припадници од македонскиот тим во хеликоптерска несреќа во близина на катлановско Блаце во 2008 година.
Во оваа хелихоптерска несреќа на 12-ти јануари 2008 година загинаа 11 македонски војници и старешини по враќањето од мисијата „Алтеа“ од Босна.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он