Минатиот месец Алфите привеле 265 лица

Од:

Во јануари месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – Алфа при вршење на редовна мотопатролна дејност извршиле легитимирање на вкупно 1.220 лица, преглед на 276 автомобили, а по разни основи биле приведени вкупно 265 лица.

По основ на телеграма приведени биле 32 лица, по основ на потраги, гласник, наредба од Основен суд  11 лица, под сомнение за извршено кривично дело 39 лица, по извршено кривично дело 25, на лице место во вршење на кривично дело биле приведени 17 лица, за издржување на казна затвор 14 лица, за утврдување на идентитет 12 лица и за недозволени предмети приведени се осум лица.

Вкупно приведени лица по основ на јавен ред и мир 27, за учество во тепачка седум, за физички напад 9, за омаловажување полициски службеник 4, за комар или други игри на среќа четири лица, за напад на службено лице две и за останати прекршоци едно лице.  Приведени се две лица со оружје.

Алфите привеле 35 лица за поседување опојани дроги.

Приведени лица со автомобили биле 33: по телеграма 22, по едно лице за непоседување соодветна документација и поради сомнение за извршено кривично дело, две за сторен царински прекршок и седум за сообраќаен прекршок.

Десет лица со товарни моторни возила се приведени поради не поседување на соодветна документација за товар.

Минатиот месец Алфите во 18 случаи помагале при вршење претрес на дом и други простории, а имале и една асистенција на други надлежни институции.

Предадени се 22 лица поради нарушен јавен ред и мир, 35 лица за сторен сообраќаен прекршок, 86 странци со нерегулиран престој и пет малолетници. Пронајдени и предадени се 9 автомобили и 17 други предмети кои потекнуваат од кривично дело.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он