СДСМ: Најголем успех за Груевски е пресекување на локаниот пат откако Пелагонија беше поплавена

Од:

„Денешната посета на Никола Груевски на пелагонискиот регион е неуспешен обид тој и власта на ВМРО-ДПМНЕ да избегнат одговорност за катастрофата што се случи со поплавите.

Реакцијата на власта ниту беше навремена ниту вистинска. Напротив.

Главна причина за поплавите во Пелагонија, за поплавеното битолско и прилепско поле, се неисчистените канали на Црна Река полни со смет и ниска вегетација. Власта не само што ги запушти каналите туку не инвестираше ниту во водните стопанства ниту во системите за наводнување и одводнување, со што ќе се превенираа поплавите.

За каква вистинска реакција зборува Груевски?

Па токму Груевски во својата денешна изјава ја потврди неспособноста на власта. Замислете, најголемиот успех за Никола Груевски е одлуката за пресекување на локаниот пат, откако цела Пелагонија веќе беше поплавена.

Срамота!

Груевски имаше девет години да создаде услови вакви поплави да не се случуваат во толкав обем, но не го направи тоа.

Затоа Груевски бега од одговорот на прашањето кој во власта на ВМРО-ДПМНЕ ќе понесе одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски