Оваа недела ќе биде распишан тендер за приватизација на “Железара Смедерево.” Преговорите со големата руска компанија се при крај и беше договорено државата да задржи 25 отсто од акциите во компанијата, изјави министерот за финансии и економија, Млаѓан Динкиќ.
– Поради тоа што имаме голем интерес од една голема руската компанија за инвестирање во Железарата, па дури и инвестирање во некои сосема нови објекти кои не постојат во Смедерево, ние ќе распишеме тендер за приватизација. Очекуваме дека до крајот на годината ќе се почне со производство во фабриката – вели тој.
Како што претходно рече Динкиќ потенцијалниот странски стратешки партнер е руска компанија која вработува 70.000 луѓе и има годишен обрт од шест милијарди долари.
Иако името на оваа компанија се уште се крие, се верува дека најверојатно станува збор за компанија која има производство во Франција, а се занимава со производство на вагони на ниво од околу 27.000 годишно.