ВИДЕО: Масакрот во Алпите има потпис на српската мафија

Од:

Француската полиција и жандармеријата, еден месец по бруталното убиство на четворочленото семејство Ал Хили во француските Алпи, безуспешно се обидуваат да влезат во трага на убиецот кој, според најновите сознанија, најверојатно е платеник од Балканот, а кој поминал воена обука во поранешните југословенски вооружени сили.

Марк Дрижу, аналитичар во Парискиот центар за спречување на криминалот, објаснува дека сосема е извесно дека атентаторот е од балканското подземје.

– Француската полиција за сега може само да нагаѓа на која земја и е во интерес суровата ликвидација на семејството натурализираниот Британец Саад ал Хили. Во филмски изведена заседа убини се Саад, неговата сопруга Икбал, нејзината мајка и случаен минувач, но сите со “двојно осигурување” во главата, што укажува на воена обука на убиецот. Вештачењето покажало дека убиецот користел верзија на југословенскиот автоматски пиштол “Шкорпион”, поради што се почесто се тврди дека убиецот е најмен платеник од српските мафијашки кругови”.

Тој додава дека во последниве години, многу разузнавачки служби ги користат услугите на српските убијци, на ист начин како што тоа го правеше некогашната југословенска УДБА против политичката емиграција на запад.

– Многу од нив се поранешни војници со воено искуство, добри врски и безмилосен карактер. Потерниците за воени злосторства и бегството поради повоената криминална заднина, ги прави идеален кадар за спроведување на највалканите задачи, вели Дрижу.

И колумнистот Криспин Блек за британскиот магазин “The Week” тврди дека оружјето што го уби семејството, полуавтоматскиот пиштол, “Шкорпион” – е потпис на српската мафија.

– Тоа оружје е потпис на различно и агресивно криминално балканско братство кое понекогаш се нарекува српска мафија, но кое всушност вклучува припадници од сите земји на поранешна Југославија – пишува Блек.

Објаснувајќи ги карактеристиките на ова оружје, Блек пишува дека повеќето “шкорпиони” се со прекинувач на страната кој регулира три различни модови на пукање, поединечно, со кратки рафали, и на крајот автоматски.

Француската полиција објави дека откриле 25 чаури на местото на убиството, сите од истото оружје, поради што заклучиле дека убиецот морал барем еднаш брзо, но смирено да го наполни оружјето.

– Освен тоа, поради многу кратката цевка и силното тресење при пукањето, него може да го користат само искусни, што значи луѓе со воена обука. Ваквите убиства се сведени на морбиден уличен театар. Целта извршителите не е само убиството,туку им се испраќа порака и на другите – заклучува Блек.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток