Сообраќајот на дел од патиштата отежнат или во прекин

Од:

Сообраќајот по одделни патишта во земјата се одвива отежнато или е во прекин поради одрони и поплави.

На патниот правец Катланово – Велес после наплатната станица Сопот, одронот е исчистен, но сообраќајот превентивно се одвива по една сообраќајна лента во должина од 200 метри, а поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец А2 Хиподром – Сарај (обиколница на Скопје), на седмиот километар кај Смилковци се излева вода на коловозот во двата правци во должина од 10 – 15 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација од страна на ЈП „Македонија пат“ и на овој дел од патот се препорачува внимателно управување со возилата и брзина на движење до 30 километри на час.

На патниот правец Страцин – Крива Паланка на излез од Страцин во правец на Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Прекин на сообраќајот има на патниот правец Кочани – Македонска Каменица, поради големи одрони од камења. Сообраќајот е во целосен прекин за секаков вид на моторни возила и се пренасочува преку Виница – Берово – Делчево.

Поради голем одрон на патниот правец Р-2132 Македонски Брод-Скопје, поточно Близанско – Козјак на 1,6км после браната, има забрана за сообраќај за секаков вид на моторни возила.

Сообраќајот на патниот правец Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излеана вода од река Вардар на подвозникот.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница. Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево – Тработивиште.

Во општина Пробиштип, поради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.

Локалниот пат за село Покрајчево кој го поврзува магистралниот пат А-4 Радовиш-Струмица, поради излевање на Радовишка Река, сообраќајот е во прекин и истиот се одвива преку село Подареш-Радовиш.

Регионален патен правец од село Тополчани кон село Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај.

Патниот правец Битола-Старавина Р-1311, 8 км. пред село Новаци затворен е за сообраќај поради висок водостој.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози