НВО: Македонија не е заинтересирана за европските пари

Од:

Македонија има големи проблеми со искористување на европските пари, соопшти Македонксиот центар за европско образование, објавувајќи го 12-тиот извештај од следењето на процесот на Македонија во ЕУ посветен целосно на Инструментот за претпристапна помош.

Извештајот го опфаќа периодот од воспоставување на ИПА па се до 31 декември 2011-та година и ја анализира состојбата со трошење на европските средства. Наодите покажуваат дека огромни неповратни средства ќе бидат изгубени доколку Владата не преземе итни чекори во насока на зголемување на капацитетите на македонското општество.

Загрижува и фактот што најмногу од првата компонтна е инвестирано во полицијата, администрацијата, судтвото и децентрализацијата, а сепак не се постигнати значајни резултати, велат од таму , но и се чудат зошто Македонија се задолжува со кредите наместо да ги искористи европските неповратните парични средства.

Евидентни се и проблемите во петата компонента во која спаѓа земјоделството, Македонија има на располагање 88 милиони евра за периодот 2007-2013-та, но исплатени се 1,5 милони евра.

По анализа на состојбата на секоја од компонентите ,во извештајот следуваат препораки. Некои од поважните препораки се Владата и Собранието да отворат дебата за сегашната посветеност на новата ИПА регулатива која ќе се применува за периодот од 2014 -2020-та, бидејќи натаму ќе биде доцна за секаква дебата, итно да се направи Национален развоен план кои ќе ги ги опфати и приоритетите на од Европа 2020-та.

Јасмина Спасовска

Би можело да ве интересира

НВО Инфо: Локалните власти да ја зајакнат транспарентноста при трошење на државните пари

Ана Ололовска

ВИДЕО: НВО бараат итно донесување на законот за спречување и заштита од дискриминација

Ана Ололовска

Фондот за Западен Балкан ги помага капацитетите на регионалните НВО во борбата против организираниот криминал

Ана Ололовска

Перцепцијата на граѓаните за работата на општинските инспекции: Инспекторите повеќе ги штитат моќниците отколку јавниот интерес

Ана Ололовска

НВО: Новиот закон за основно образование е чекор напред во заштитата од дискриминација и насилство во училиштата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Револт кон власта: Потценувачка е сумата од 100 евра за издршка на лице со попреченост

Предраг Петровиќ