Турскиот премиер тврди дека претседателскиот систем не води кон диктатура

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу отфрла тврдења на опозицијата дека воведувањето претседателски систем ќе доведе до диктатура во Турција. Тој вели дека ниту претседателот Реџеп Таип Ердоган ниту тој, не сакаат да ја имаат целата власт во државата.

– Каков доказ имате дека претседтаелскиот систем ќе создаде авторитаризам. Оние кои имаат извесни познавања за политиката и политичките науки знаат дека демократија се применува и во претседателски и парламентарен систем, изјавил Давутоглу за телевизијата Канал 7.

Тој додаде дека авторитаризам може да се појави и во парламентарни системи, но сепак важен елемент е политичкиот менталитет.

Давутоглу вели дека во држави каде демократската култура не е зрела постои ризик од појава на авторитаризам. Давутоглу вели дека прашањето за нов устав ќе биде една од главните теми на владејачката Партија на правдата и развојот за време на предизборната кампања за парламентарните избори во јуни.Тој го оквалификувал сегашниот Устав дека е насочен да ја „заштитува повеќе државата отколку народот“. Новиот устав, според него, нема да се базира само на претседателскиот систем.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ