(ВИДЕО) СДСМ Штип: Штипјани веќе петти ден без чиста вода за пиење

Од:

„Граѓаните на Штип веќе петти ден немаат чиста вода за пиење. Според надлежните од ЈП Исар, вакавата состојба ќе потрае уште најмалку 5 дена. Но, земајќи ги предвид најавите за интензивни врнежи во следните денови, тоа би значело и алармантна состојба.

Овие денови добиваме безброј реакции од незадовлните граѓани, кои се принудени да купуваат вода за пиење што и за така нискиот стандард претставува дополнителен удар“, рече на денешната прес конференција Марија Костова, советник од СДСМ и коалициските партнери.

„Зарем сериозна локална власт може да си дозволи град од 50 000 жители да го снабдува со само две цистерни за вода, на одредени селектирани пунктови по само половина час?! Што е со населбите Дузлак, Кадидере, Косовска, Три Чешми?

Ова укажува на фактот дека локалната власт или не сака или нема доволно капацитет да се справи со овој проблем.

Прашуваме, зошто наместо да врши импровизации и хиперхлорирање на водоводната мрежа кое може да предизвика сериозни здравствени проблеми во случај на конзумирање, не ја стави во употреба опремата од 1 милион евра инсталирана во Филтер станицата, која има техничка можност да ја пречисти моменталната матност на водата, која според изјавите на Директорот на ЈП Исар во моментов е со 20 NTU матност?

Бараме, Градоначалникот Илчо Захариев итно да обезбеди најмалку 5 цистерни кои ќе дистрибуираат вода во текот на целиот ден, на пунктови во градот, од најмалку 2 часа.

Доколку немаат капацитет да се справат со овој проблем, им предлагаме да формираат стручен тим кој ќе им предложи решенија за справување со проблемот“, изјави Марија Костова, советник од СДСМ и коалициските партнери.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски