Едно лице денеска загина во напад врз ресторан од синџирот „КФЦ“ во египетскиот град Мануфија, на 80 километри северно од Каиро, пренесоа британските медиуми.
Напаѓачите во ресторанот пристигнале со мотоцикл и притоа во него фрлиле запаливи материјали, по што отвориле и оган врз присутните. Во ресторанот избувнал пожар.
Честите напади врз безбедносните сили ги поткопуваат напорите на египетските власти за формирање претстава за стабилност во земјата по четирите немирни години, што почнаа во 2011 година со востанието
од Арапската пролет.
Египет се надева дека ќе ги намали безбедносните стравувања пред март, кога во летувалиштето Шарм ел Шејк планира да организира инвестициска конференција.
Египетската ќелија на Исламска држава минатата недела ја презеде одговорноста за координираните напади врз безбендосните сили на Синајскиот Полуостров, во кои загинаа најмалку 30 лица.