Реакција од советничката група на СДСМ Гевгелија

Од:

Советничката група на СДСМ во потполност ги оправдува и поддржува реакциите на здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ за донесената одлука од страна на советниците на ВМРО ДПМНЕ во советот на општина Гевгелија.Сметаме дека оваа реакција е оправдана и бара секаква осуда од сите добронамерни луге во Mакедонија.

Единствено сакаме да реагираме на дезинформацијата дека одлуката е донесена едногласно.

Како советничка група ги поддржавме и ќе ги подржуваме сите програми кои ќе се спроведуваат за дезинфекција, дезинсекција и дератизација на детски градинки, основни и средни училишта итн. како задолжителна и единствена превентивна мерка пропишана во Законот за заштита на населението од заразни болести.

Но што се однесува до споменатата програма чиј Составен дел е и точката 2., дефинирана како ерадикација на животни скитници ние бевме и сме против една таква застарена и одамна со закон надмината мерка .

На седницата на совет мегу другото укажавме дека поимот Ерадикација е укинат со новиот Закон за Комунали дејности од 2012 год и дека неможе да стои во ниедна одлука.

Затоа како советничка група гласавме против оваа одлука (за што постои се разбира и записник).

Дека сме секогаш за заштита и благосостојба на домашните миленичиња докажува и нашето барање за зголемување на средствата од Програмата за поддршка на НВО секторот на Кинолошкото друштво „Кожув “ од Гевгелија од 80,000 денари на 200,000 денари. За жал нашето барање по обичај не беше прифатено од советниците на мнозинството и градоначалникот, тоа се случи на 29-та седница на Совет на Општина Гевгелија одржана на 30.01.2015 година)!

Би можело да ве интересира

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски