ММФ: Не преговораме за отпис на грчкиот долг

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска соопшти дека досега не преговарал со Атина за отпис на долгот на земјата кон оваа финансиска институција, која заедно со Европската унија и Европската централна банка ја сочинува „тројката“ кредитори на Грција.

– Постои утврдена рамка за долгот во сегашната програма за спас и нема преговори за нејзина промена, соопшти Фондот,

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во изјава за италијанскиот весник „Република“ рече дека Атина започнала преговори со ММФ во врска со нејзиниот предлог за замена на грчкиот долг за државни обврзници, како дел од напорите на новата Влада за негово преструктуирање.

Во рамки на програмата за спас одобрена од „тројката“ кредитори, на Грција во 2010 година и беше одборена позајмица од 240 милијарди долари, во замена за спроведување на строги мерки на штедње и приватизација на државните претпријатија.

Новата грчка Влада меѓутоа најави олабавување на мерките за штедење, зголемување на минималната плата, запрање на приватизацијата на спорните јавни претпријатија, повторно воведување на укинатиот бонус за Божик и враќање на работа отпуштените работници од јавниот сектор.

Би можело да ве интересира

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција