Египетскиот суд осуди денеска 230 лица, меѓу кои еден од водечките активисти и организатори на бунтот во 2011 година, на доживотен затвор поради учество во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили пред четири години.
Судијата Мухамед Наги Шехат денеска изрече пресуди против 230 обвинети лица, меѓу кои и секуларниот активист Ахмед Дума.
Дума веќе издржуваше тригодишна казна затвор поради кршење на драконскиот закон за протести.
Денешната судска одлука е најтешка досега изречена пресуда против секуларните активисти, кои ги предводеа масовните протести пред четири години, кои го принудија долгогодишниот автократски претседател Хосни Мубарак да се повлече од власт.