(ВИДЕО) Шилегов: Обвинителството не може да спречи објавување материјали

Од:

Јавното обвинителство потврди дека постои кривично дело во коешто е инволвиран лично Никола Груевски. Обвинителството забрани натамошно емитување на снимките, тајно направени на тет а тет средба на Груевски со претседателот на СДСМ Заев, рече Петре Шилегов.

Според него Јавното обвинителство може да побара забрана за емитување снимки само доколку се тие направени како дел од посебни истражни мерки.

Ако претседателот Заев бил следен и прислушуван затоа што имало изречено такви мерки против претседателот на СДСМ, тогаш како се случи снимките да му протечат на обвинителството во јавност?

Тоа значи дека или Груевски ги дал снимките сам, или некој му ги извадил на обвинителството од фиока.

Другата опција е дека немало изречено посебни истражни мерки против претседателот Заев. Тогаш претседателот на СДСМ бил незаконски сниман во кабинетот на Груевски.

И двете варијанти се кривично дело.

Затоа, Јавното обвинителство денеска е должно да каже дали покрена кривична постапка против Никола Груевски? Ако не покренало постапка, тогаш – зошто?

Да биде јасно за сите. Забраната за којашто зборува Јавното обвинителство не се однесува на доказите со коишто располага Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коишто ќе бидат објавени пред јавноста во Македонија.

Забраната за којашто зборува Јавното обвинителство не се однесува на медиумите и новинарите кои ќе ги објават доказите коишто СДСМ ќе ги презентира.

Оттука, сметаме дека свесно конфузното соопштение на Јавното обвинителство, не е ништо друго освен јалов обид да се спречи објавувањето на доказите и документите за криминалното владеење на Никола Груевски и неколкумина поединци околу него.

Законот за кривична постапка НЕ ЗАБРАНУВА ОБЈАВУВАЊЕ МАТЕРИЈАЛИ ШТО МОЖАТ ДА БИДАТ ПРЕДМЕТ НА НАТАМОШНА ПОСТАПКА.

Би можело да ве интересира

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ