Педесет и четиригодишниот лекар Хидеиуки Ногочхи од Јапонија е уапсен поради наводно силување и дрогирање на повеќе од 100 жени, кои што ги измамил дека е во прашање клиничко испитување.
Осомничениот наводно ја снимал секоја средба со жените и ги продавал онлајн како порно снимки.
Тој учесничките во ова истражување ги наоѓал преку оглас, а тие биле убедени дека е во прашање важно научно истражување.
Сето тоа се случувало во различни хотели и одмаралишта, а траело две години, до ноември 2013 година.
Сите видео записи ги поставувал на различни порно сајтови на интернет, од што заработил околу 80.000 евра.
Е. Г.