Струмица одбележа 143 години од раѓањето на Гоце Делчев

Од:

Струмица денеска ја одбележа 143-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Делегации од општината и институциите положија цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев на истоимениот плоштад, а за животот и делото на Делчев зборуваше претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.

– Гоце Делчев е најголемиот меѓу големите. Тој е стожерот на македонскиот непокор, и великан на македонското револуционерно дело за ослободување од повеќевековното османлиско ропство. Голем е денешниов ден. Токму затоа треба да го славиме и да го чуваме во нашата историска меморија, оти да не постоеше 4 февруари 1872 година, немаше да постојат најсветите страници од нашата историја, немаше да бидеме толку горди, колку што сме, рече Христов.

Во чест на Гоце Делчев рецитатори од домот за деца и млади „Благој Мучето“ читаа револуционерна поезија.

Би можело да ве интересира

Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката

Доделување на државната награда „Гоце Делчев“

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Катерина Ѓуровски

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Во финална фаза подготовките за поставување бистата на Гоце Делчев во центарот на Пустец

Катерина Ѓуровски