Вработените во едно училиште во Индија пронајдоа злато и пари додека чистеле во ученичките плакари, јави Би-Би-Си.
Тие откриле пет некористени плакари, за кои не можеле да најдат клуч. Откако ги отвориле, пронашле десет милиони рупии (141.000 евра) и готовина во едниот плакар и повеќе од два килограми златни плочки во другото.
Според информациите од полицијата, златото е со вредност од близу шест милиони рупии (85.000 евра).
Училиштето нема податоци кој ги користи тие плакари, но никој не се јавил да ја побара соодржината.
Дикректорот на училиштето вели дека плакарите во текот на две години не се доделувани никому, што дополнително ја збунува локалната полиција.
– Испрашани се персоналот и наставниците, но до сега не успеавме да дојдеме до трага која личност ги ставила овие вредности во плакарите, рече претставник на полициските органи.